Синоќа во Битола во првиот меч како в.д. тренер, Звонко Шундовски со својот тим забележаа значајна победа за Еурофарм Пелистер, поразен големиот ривал Вардар 1961 со резултат 28:23.
Директорот на Еурофарм Пелистер, Ѕвонко Шундовски, беше во улога на привремен тренер, а на радост на сите одлично ја заврши работата. За вечното дерби Шундовски по натпреварот рече:
-Екипата се развиваше многу добро на овој дерби-меч, во првите 15 минути имавме седум промашени зицери, а резултатот беше тука. Квалитетот нивен и карактерот излезе на високо ниво. Многу сум задоволен како директор и како в.д тренер што видов позитивна реакција во еден тежок момент за клубот. Одигравме многу агресивна и добра средба, едно дерби во кое дојдовме до важна победа. Честитки за сите.
По оваа победа актуелниот првак се врати во игра за титула, до крајот на регуларниот дел оваа година има уште две кола, а в недела гостува кај Охрид.









