Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски оствари средба во неговиот кабинет со британскиот амбасадор во Македонија, Метју Лосон, кој е во прва официјална посета на Битола.
На средбата беа потврдени одличните билатерални и пријателски односи меѓу двете земји, а градоначалникот на Битола го запозна амбасадорот со личната карта на Битола, нејзината историска, културна и економска важност за земјата и можностите за взаемна соработка.






