Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за дрога, возење под дејство на алкохол со 1,66 промили, пријава за физички напад

На 13.12.2025  во 00:45 часот, на ул. „Крушевска Република” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода две лица на возраст од 29 години, двајцата од Битола бидејќи при преглед кај едното лице била пронајдена марихуана. По целосно документирање на настанот против истите ќе следува соодветен поднесок.     
 
На 13.12.2025 во 02:25 часот, пред ноќен клуб на ул. „Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 22 годишник од Битола, бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена марихуана. По целосно документирање на настанот против истиот ќе следува соодветен поднесок. 
 
 На 13.12.2025 во 03:48 часот на ул. „4-ти Ноември” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 22 годишник од Битола. Имено, при контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди” со битолски регистарски ознаки  кое истиот го управувал при што констатирано било дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле  измерени 1.66 промили алкохол во крвта.  По документирање на настанот против него ќе  биде поднесена пријава за кривично дело „Безобѕирно управување на моторно возило” согласно член 297-а од кривичен Законик. 
 
На 12.12.2025 во 15:30 часот во СВР Битола , И.Г.(46) од Битола пријавил дека на  ул. „Буковска” во Битола по кратка расправија во врска со паркинг место бил физичка  нападнат од лице од с. Бистрица, битолско. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.