Press "Enter" to skip to content

“Tsar Von Time“ – краткотрајна вечност

“Tsar Von Time“ е авторски алтернативен рок бенд од Битола кој се состои од членови Виктор Јовев (гитара), Деан Павловски (вокали, гитара), Матеј Прчков (бас) и Карло Чеваповиќ (тапани). Формиран додека членовите сеуште биле во средно училиште, тие се инспирирани од голем број на изведувачи од најразлични жанрови на современата музика.

Нивниот прв настап се одржува на 23 јуни 2023 во скејт паркот во Битола како дел на локалниот фестивал Битола отворен град. Од тогаш, “Tsar Von Time“ имаат настапувано на голем број настани и фестивали во битолската и скопската музичка сцена како „Трчај бе“, „Земјотрес“  (Скопје), како и „Д-фест Дојран“.

Тие почнуваат да творат и пишуваат авторски песни по својот прв настап. Својата музика ја опишуваат како комбинација од амбициозни аранжмани и етерична лирика.

Во нивното ново ЕП издание „краткотрајна вечност“, кое го објавуваат на 19 декември 2025, бендот експериментира со различни начини на снимање на своите инструменти, компонирање и пишување на текст. Се обработуваат теми како амбицијата, инсомнијата, страста и љубовта.

На крај изработуваат проект кој е истовремено и свеж и носталгичен, а воедно ја споделуваат својата интерпретација на битолската рок музика.

Песните се снимани и миксани од Даниел Митревски, а дополнителни пратечки вокали се снимени од Веда Мавровска. Омотот е направен од Софија Вељановска.

Песните ќе бидат достапни на YouTube страната на бендот, како и на повеќе услуги како Spotify и Apple Music.

More from ВестиMore posts in Вести »