-Денес на 4. ден на Зимската приказна во Битола на главната сцена на платото кај Офицерски дом настапи групата “Милениум бенд“, а потоа Игор Димовски со “Пауза за ракија“, а за крај “Икс бенд“ од Битола, се за убава атмосфера.
Релативно топлото време за овој период, по неколку деново студено време и загаден воздух, вечерва на платото кај Офицерски дом во Битола “донесе“ голем број на битолчани кои уживаа во програмата на главната сцена, по убави песни, а сето тоа го загреаа и со греано вино.
Посебно расположение “донесе“ познатата македонска група “Пауза за ракија“ заедно со Игор Димовски, која на радост на битолчани кои дојдоа после дождот кај Офицерски, го служаа и уживаа во нивните музички аражмани од македонска музика, екс-ју музика и странска музика, а круна на сето тоа беше што се “заврте“ и оро.
После “Пауза за ракија“ и Игор Димовски, за крај на оваа 4. вечер на Зимската приказна настапи битолскиот “ИКС бенд“.
Перо и Ружино за битолчани, како и на секоја “свирка“ без разлика каде се одржува дали во кафулина, клубови, или на отворено, како и секогаш во живо направија таква атмосфера на која сме сите ние навикнати и разгалени од нив двајцата.
На главната сцена на платото кај Офицерски утре ќе настапат Дани Димитровска и “Soul movers band“, а на стартот на вечерниот термир ќе ги гледаме “Еликсир бенд“.
Утре на 5. вечер на Зимската приказна на плоштадот “Магнолија“ во пладневниот термин ќе настапат учениците од основвните училишта “Даме Груев“, “Кирил и Методиј“, “Д-р Трифун Пановски“, “Елпида Караманди“, “Св. Климент Охридски“ и “Тодор Ангелевски“. Ќе натапат и среднисти од “Ѓорѓи Наумов“ од Битола. Ќе има и кино на отворено. Француската алијанса исто така ќе има свој настап.
Во Пацио утре ќе настапи групата “Трето колено“, а потоа битолчани ќе ги гледаат “Пијан славеј“, како и група “Пеперминт“, а свој сет ќе има ди-џеј “Б-бој“.
Текст и фото: Дамијана Ристевска











