Press "Enter" to skip to content

70 години РК Пелистер, благодарници, навивачки песни, легендите на терен во Битола… низ 70 фотографии (фотогалерии)

Вечерва во храмот на ракометот во Битола, во спортската сала “Младост“ – “Боро Чурлевски“ заврши одбележувањето на 70 години постоење на ракометниот клуб Пелистер – Еурофарм Пелистер, пред 2.000 битолчани, љубители на ракометот во најракометниот град во Македонија и пошироко.Настанот започна во одлична сценографија, на паркетот беа дел од трофеите на РК Пелистер кои ги освоиле герациите ракометри, а тоа што на паркетот беа најмладите ракометари на Пелистер, е определбата на акционерите на клубот, дека ракометната приказна во Битола продолжува и во наредните 70 и повеќе години.На трибините беа разни генерации на навивачи и водачи на некои генрации на “Чкембари“ кои се неразделен дел од клубот, а на почеток беше претставен еден од оние кои започнаа со “диригирање“ со публиката, Мате Шундовски, кој на најмладите генерации љубители на ракометот им беше претставен преку фотографии на големиот екран.Битолските музичари кои секогаш се со клубот ги испеаја и навивачките песни кои исто така одбележаа одредени периоди на постоење на РК Пелистер.Претседателот на Еурофарм Пелистер – Зоран Стерјев и директорот на клубот Ѕвонко Шундовски доделија благодарници на поеднинци кои оставиле свој белег во клубот.Благодарници добија возрасните играчи на Пелистер – Чатле, Саку, Калешо…, како и сите претседатели на Пелистер, Дуко, Пуеро, Баге, Спире, Пискачо, Ефто… и незаменливиот Моцарт.Секако не беа заборавени и оние кои повеќе не се со нас, Мате, Баге, Боро, Пеце… а секако беше доделена благодарница и за семејството на почесниот претседател Силјан Мицевски – Циле, а прими неговиот внук Бојан Стерјев.По официјалниот ден на свечената академија се одигра ревијален натпревар на кој настапија разни генерации на ракометари од Битола и кои доаѓале во Битола.Првиот тим во сини дресови беа повозрасните, а во тоа време кога играле сината боја била на дресовите, а вечерва во “синиот Пелистер“ беа Абдула, Новокмет, Заре, Стевче, Мирзамемедов, Манасков, Станковски, Кузмано, Златко, Ќани, Кире…, а тренер им беше Цане Крстевски кој како тренер има четири титули.

Во “зелениот Пелистер“ според бојата на сегашниот дрес на Пелистер играа “помладите“ Кире, Коко, Чантурија, Тосе, Фарух, Бранче, Пинки, Дивио…, а ги водеше легендарниот тренер на Пелистер – Касим Каменица.Иако резултатот беше во втор план, сепак публиката виде многу залагање, секако колку дозволуваа годините, немаше и предавање, а публиката ги поздрави убавите потези и голови…

Сашо Ристевски – Дамијана Ристевска

More from СпортMore posts in Спорт »