На почетокот на 2016 година во село Кравари кај Битола во присуство на тогашниот премиер на Владата на Република Македонија, Никола Груевски беше отворена фабрика за производство на чипс од свежи компири “Стиза“, инвестицијата, која чинеше околу 3 милиони евра, а во сопственост на повратникот од Австралија Горданчо Мирчевски, кој долги години живееше и работеше во Перт, Австралија, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Во фабриката “Стиза“ е за произведство на чипс од свежи компири, а вкупното производство ќе биде пласирано на домашниот, европскиот и пазарот во Австралија.
-Во првата фаза од реализацијата на оваа “браун-филд“ инвестиција, која е единствена од ваков вид во Република Македонија, ќе бидат вработени вкупно 40 лица, а подоцна ќе се отвори нова производствена линија со која ќе се произведуваат вкупно 5.000 кг. компир и бројот на вработени ќе биде зголемен на вкупно 100 работници, беше речено тогаш на отворањето.
-Иако мене во Австралија каде што сум подолго од една деценија ми беше мошне добро и имам развиен бизнис, сепак постојано ме влечеше носталгијата и желбата да инвестирам во родниот крај. Таквата можност ми се укажа кога го купив погонот каде што порано се произведуваше лим и почнав да ја реализирам мојата замисла за производство на чипс, изјави на отворањето на фабриката во 2016 година сопственикот Горданчо Мирчевски.
-Инвестицијата на Горданчо Мирчевски во Кравари е типичен пример за тоа како голем број Македонци, кои ниту далечината, ниту времето, ниту стандардите на високо развиените земји не ги одделија од својата татковина. Македонија во своето поблиско и подалечно минато беше изложена на голем одлив на население. Многумина заминаа, но никогаш не заборавија на Македонија. Кај нашите во дијаспората има извонредно богатство на искуство и потенцијал, знаења и умешност, кои можат да придонесат за напредокот на Македонија, истакна тогашниот премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, по отворањето на фабриката.

Деновиве пред 10 години: во Кравари кај Битола отворена фабриката “Стиза“ за македонски чипс по австралиски рецепт (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: физички напад, нападната жена во канцеларија за кредитирање
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 12 степени
- Се уредуваат добро познатите излетнички места на Пелистер и поставуваат нови инфо-табли
- „Женски Земјотрес“ во Битола ја отвора сцената за гласовите што не смеат да исчезнат
- СВР Битола: во училишен двор 11 годишно дете нападнато со остар предмет









