
ФТ Митко Василев, физиотерапефт, специјалист кинезитерапија и мануална терапија, од ординацијата “Кинет мед“ ве информира за дијагностика и терапија за разни заболувања и третмани за нив. Низ овие разговори ќе добиваме и стручни информации, а за истите постои голема заинтересираност. Овој пат ФТ Митко Василев ќе ве информира за Кифоза (згрбавеност), за што вели:
Патолошко зголемување на кривината на рбетниот столб во градната регија. Кифозата претставува нарушување- искривување од нормалната/физиолошка кривина на рбетот која гледана во профил формира грбка во горниот дел на телото.
Анатомски, `рбетниот столб има три кривини од кои една е кифоза во градниот дел. Нормалниот распон на кривината е 20-45 степени. Оној момент кога распонот ќе помине 45 степени, тогаш кифозата преминува во деформитет. Лицата кои имаат зголемена кифоза велиме дека се подгрбавени. Кифозата може да се јави во било која возраст, но најчеста е кај деца во развој и многу често сега се завележува и кај деца во рана воздраст.
Рбетoт има природни кривини. Овие кривини го поддржуваат вашето држење на телото и ви помагаат да стоите исправено. Но прекумерната кривина може да влијае на вашето тело и да го отежни стоењетои седењето, влиае во извршување на нормалните активности.Најчесто, физиолошката-нормална кифозата не предизвикува здравствени проблеми ниту бара медицински третман кога е во физиолошка граница. Во тешки случаи, кифозата може да предизвика болка или проблеми со дишењето. Тешката кифоза може да изискува и хирушки третман.Кифозата предизвикува вашиот ‘рбет да се искриви нанадвор. Може да изгледа како да сте згрбавени.
Кои се видовите на кифоза?
Постојат неколку видови на кифоза. Некои од најчестите се:
-Постурална кифоза : Ова е најчестиот вид кифоза. Обично се јавува во тинејџерските години. Наведнатоста или лошото држење на телото ги крати градните мускули , мускулите од предниот дел на вратот. Мускулите во градната кичма ослабуваат и не се во состојба да го држат телото исправено предизвикувајќи заоблен облик на ‘рбетот. Ги засега повеќе девојчињата отколку момчињата.
-Шојерманова кифоза : Овој тип се јавува кога пршлените имаат поинаква форма од нормалната. Наместо да бидат правоаголни, пршлените имаат клинеста форма. Клинестите коски се искривуваат напред, правејќи го ‘рбетот да изгледа заоблен. Ги погодува момчињата повеќе отколку девојчињата. Вежбите во ваков случај даваат минимални резултати во пракса.
-Конгенитална кифоза : Конгенитална значи состојба присутна при раѓање. Конгениталната кифоза се јавува кога вашиот ‘рбет не се развива правилно или не се развива целосно во матката . Може да се зголеми во интензитет како што расте индивидот.
Симптоми и причини, кои се симптомите на кифоза?
Главните симптоми на кифоза вклучуваат:
-Заоблени раменици.
-Кривина или грпка во горниот дел од грбот.
-Затегнати тетиви (мускули во задниот дел од бутовите).
-Лесно одведување на главата -протрузија кон напред.
-При палпација се има зголемен тонус во рамениот појас,врат и мускулите во торакална регија.
Тешка кифоза може да предизвика следниве симптоми:
-Болка или вкочанетост во грбот и лопатките на рамената(чуство за ограничување на движењата).
-Вкочанети , слаби или трнечки нозе.
-Екстремен замор .
-Проблеми со рамнотежа.
-Инконтиненција на мочниот меур или инконтиненција на цревата.
-Отежнато дишење или тешкотии при дишењето.
Кои се факторите на ризик за кифоза?
Дијагнозата на кифоза е честа кај лицата на возраст меѓу 13 и 16 години за постурална и Шојерманова кифоза. Ова е затоа што коските кај тинејџерите брзо растат а мускумите се поспори во растот слично како кај сколиозата. Но, може да се развие кај секого на која било возраст. Многу често доаѓаат воздрани пациенти кои се со Кифоза која ја добили поради прекумерно седење или наведната положба а немале детско искривување. Како што луѓето стареат, пршлените ја губат флексибилноста, а ‘рбетот може да почне да се навалува напред. Во раното детство децата се попасивни и активноста е сведена на минимум. Во школска воздраст исто повеќето деца имаат премногу обврски поврзани со седење и се пасивни во текот на развојот кога актовноста е битен елемент за зацврстување на мускулно -лигаментарниот апарат.
Дијагноза
-Кај децата нај важни се систематските прегледи!!! Матичните лекари ,лицето кое се грижи за вашето дете- учители, негователи и најважно вие родителите потрбно е почесто да ѓи прегледувате децата. Може да забележите симптоми на кифоза потребно е да побарате преглед и понатамошен третман.
-Рентгенската снимка на ‘рбетот му помага на здравствениот работник да ја измери кривината на ‘рбетот за да ја дијагностицира состојбата. Природната кривина е помеѓу 20 и 45 степени. Вашиот лекар ќе дијагностицира кифоза ако кривината е поголема од 50 степени.Дополнително се прават тестови за да утврди дали вашите симптоми се резултат на некоја основна болест или дали кривината на ‘рбетот влијае на други делови од вашето тело.
Како се третира кифозата?
Третманот за кифоза варира, но може да вклучува:
-Физикална терапија : Вежбите се насочени кон корекција и враќање на нормалната кривина.
-Вежби за зајакнување :потребно е зајакнување на стомачните и грбните мускули. Исто вклучување на вратни мускули кои даваат една целина на мускулите од глатата долж цел рбет.
-Вежби за истегнување исто така може да ги истегне затегнатите тетиви и мускулите кои се скратени и спастични.
ЗА ЗАШТИТА И ОДСТРАНУВАЊЕ НА КИФОЗАТА ПРЕД СЕ ПОТРЕБНИ СЕ ПОЗИТИВНИ И СЕКОЈДНЕВНИ НАВИКИ:
-Неправилните оптоварувања и неправилното држење не може наполно да се одбегнат, но ќе се ублажат ако ја зголемиме свесноста за телото.
-Седењето е најголемиот непријател на карлицата и на ‘рбетот.
-За жал голем број столови не се анатомски дизајнирани. Дури ни седиштата во автобусите, возовите и авионите. Наслонот на столот треба да ја следи правилната кривина на ‘рбетниот столб. Затоа користете или анатомски стол чијшто наслон се приспособува или на обичниот стол сами ставете мало перниче или слична подлога на лумбалниот дел.
-Приспособете ја работната површина според вашата висина: Ако тоа не може технички да се изведе, тогаш едната нога повлечете ја наназад, а другата благо напред, свиткана во коленото, така што ‘рбетот останува исправен.
-Спијте на цврста постела. Перницата треба да биде висока колку рамото за да ја задржи поставеноста на главата природната кривина на ‘рбетот. Спијте на грб, со мало перниче под колената, или настрана, со благо свиткани колена.
-Потребно е постојана активност без разлика на воздраста. Кратки вежби во текот работниот перио и повеќе активни паузи.






