
Кога избегнувањето одговорност станува токсично. Емоционалната зрелост се гледа кога ќе погрешиме. “Тоа не е моја вина“ – често слушаме, а всушност станува тивок уништувач на односите. Личностите кои постојано избегнуваат одговорност често стануваат емоционално исцрпувачки за околината
Тие ја трошат туѓата енергија, создаваат конфликти и ги нарушуваат односите, бидејќи не ја прифаќаат сопствената улога во ситуациите што ги доживуваат како проблем.
Зошто некои луѓе ве исцрпуваат: психолошка перспектива
Од психолошка перспектива, избегнувањето одговорност е одбранбен механизам. Наместо соочување со грешката, овие личности бараат оправдувања, префрлаат вина или влегуваат во бесмислени расправии. На тој начин ја штитат својата слика за себе, но истовремено создаваат токсични модели во односите.
Како да се заштитите од луѓе кои никогаш не се виновни
За да се заштитите, обрнете внимание како некој реагира кога ќе погреши. Дали бара решение или оправдување? Дали превзема дел од одговорноста или ве убедува дека вие сте виновни за нешто што не сте? Овие реакции се јасен показател за нивото на емоционална зрелост.
Поставувајте јасни граници и комуницирајте смирено и директно.
Не објаснувајте се бесконечно и не влегувајте во расправии кои немаат цел ниту исход. Запомнете: не секој конфликт заслужува ваш одговор.
Кога еднаш ќе го препознаете овој образец, многу полесно ќе го сочувате сопствениот мир и психолошка стабилност.
Фројд укажувал дека мудрите луѓе избираат опкружување во кое можат да растат, а не средина во која постојано мора да се бранат. Неговата мисла за „глупи луѓе“ не се однесува на интелектот, туку на емоционалната незрелост.
Реченицата „Тоа не е моја вина“ често открива недостаток на саморефлексија, одговорност и способност за учење — особини кои со текот на времето ги нарушуваат односите и ја трошат енергијата на другите.
Интелигентниот и психолошки зрел човек знае дека признавањето на грешка е знак на сила, а не на слабост. Најголемата мудрост не е секогаш да сме во право, туку да имаме храброст искрено да погледнеме во себе и да растеме од сопствените искуства.






