Press "Enter" to skip to content

Андреј Митревски: Чаир е опасен дома, но ние одиме по победа

Кошаркарите на Пелистер во Битола славеа рутински на премиерниот меч од новата година против Работнички, свесни дека наредниот предизвик е далеку потежок, а во борбата за висок пласман секој натпревар е од исклучителна важност.

„Зелено-белите“ в сабота во 19 часот ќе му гостуваат на Чаир, тим што игра во одлична форма и во минатото коло како гостин го совлада Куманово. „Пелистерци“ се свесни за силата на противникот, а репрезентативецот Андреј Митревски смета дека подобрувањето на скок-играта мора да биде значаен приоритет на овој дуел.

-Чаир е квалитетен противник, кој знае да биде ососбено незгоден кога игра на домашен терен. Сепак, тоа не ги менува нашите планови, ќе одиме на победа бидејќи сакаме во што подобар ритам да го дочекаме куп-турнирот. Во однос на дуелот со Работнички мораме да го поправиме дефанзивниот скок, верувам дека тоа ќе биде клучно за позитивен резултат на овој натпревар. Мораме да ја наметнеме нашата игра, да не дозволиме Чаир да игра во нивинот препознатлив ритам, ако имаме контрола над темпото ќе бидеме многу блиску до победата, истакна Митревски.