Порталот “Битолањуз“ организира изложба на спортски фотографии на четворица спортски фотографи кои редовно ги фогографираат и објавуваат фотографии од спортските натпревари во Битола.
Свои фотографии ќе иложат Александар Јонаќик – фриленсер, Александар Котевски – “Дримкаст продукција“, Дамијана Ристевска – “Битолањуз“ и Дејан Кузмановски – “Гол“.
Фото изложбата е во рамките на прогласувањето на најдобрите спортисти на Битола за 2025 година и ќе биде отврена петок, 13 февруари, во фоајето на Народниот театар – Битола.










