Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер убедливо против Куманово како гостин во Битола (фотогалерија)

Куманово  – Еурофарм Пелистер 19:43 (10:22)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер,како гости, вечерва во Битола убедливо го совладаа Куманово со резултат 19:43, полувреме 10:22, во 22. коло на Суперлигата на Македонија, само по 24 часа после натпреварот против Висла.Сам0 стартот на натпреварот беше резултатски беше израмнет, а Куманово поведе и со 2:1. Потоа се беше во знак на шампионот, најпрво со серија од 6:0. Во продолжението водството се зголемуваше. “Пелистерци“ на крајот на првиот дел направи разлика која на одмор ги однесе со +12 (10:22).И во второто полувреме Пелистер само ја зголемуваше разликата а по 45 минути беше +20 (13:33). До крајот на натпреварот Куманово не се обиде да намали, а на крај “пелистерци“ славеа со највисоката разлика од 24 гола. Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Богдан Радивојевиќ со 14 погодоци, а Павле Атанасијевиќ постигна 8 гола од исто толку обиди.Со овој натпревар заврши регуларниот дел од сезоната, а се продолжува со плеј-офот. Еурофарм Пелистер во плеј-офот има два бода помалку во однос на Вардар.

Фото: Дамијана Ристевка

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »