Press "Enter" to skip to content

Пелистер повторно убедлив – „пет од пет“ во 2026, во Битола совладани Ангели (фотогалерија)

Пелистер – Ангели 100:78

Уште едно импресивно издание и заслужена убедлива победа на „пелистерци“ во Супер-лигата.жKошаркарите на Пелистер продолжија со импресивната низа во оваа година, откако во петтиот меч стигнаа и до петтиот триумф, повторно убедлив, славејќи со 100-78 над тимот на Ангели.

“Зелено-белите“ одиграа уште еден квалитетен меч, потврдувајќи ја разликата во квалитет во однос на „фенерџијата“ на табелата и не дозволувајќи триумфот во ниту еден момент да биде доведен во прашање.Пелистер тргна моќно предводен од Вилсон, во раната фаза поведе со 13-4, но Ангели сепак успеаја да се вратат и да ја завршат четвртината со 25-21. Дуелот беше израмнет само со 27-27, по што Пелистер влезе во препознатливиот ритам, постигнувајќи 16 поени во низа и одлепувајќи се на 43-27. На одмор се замина со 50-36 за „зелено-белите“, по што Пелистер знаеше како да го исконтролира второто полувреме.

Третата четвртина мина во ефикасна игра на двете екипи (24-20), победникот практично беше решен, па тренерот Даскаловски во последните десет минути им даде шанса и на најмладите во таборот на „пелистерци“, тоа воошто не се одрази врз резултатот па битолчани заслужено славеа со конечните „плус 22“.Вилсон со 26 поени и 9 скокови беше клучна фигура во оваа убедлива победа, Американецот Џенкинс имаше 18 поени, а двоцифрен ефект имаа уште и Стојановски со 12 и Митревски и Малешевиќ со по 10 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »