Пелистер – Струга трим Љум 1:1 (0:1)
Екипата на Пелистер денес во Биточа одигра одличен натпревар против Струга Трим Лум и дојде со вод откако одигра реми 1:1, полувреме 0:1, во натпреварот од деветнаесеттото коло во Првата македонска лига. Со овој нов бод има подобар пласман во трката за опстанок.
Натпреварот под Тумбекафе започна со иницијатива на Пелистер о со неколку се обидуви да постигне гол, но се заврши без конкретна завршница во неколкуте добри акции пред гостинскиот гол. Потоа Струга се стабилизира и заигра подобро, а успеа да поведе со голот на Арби Воша во 31. минута. Следуваа две шанси за гол на стружани, но за среќа не постигнаа втор гол и на паузата се замина со минималните 0:1 за Струга.
И вториот дел продолжи како и првиот, но беа некоја посериозна закана во првите десетина минути, се до 60. минута кога тренерите ги напрација и првите измени, но се продолжи по старо. Струга во завршните 20 минути беше поконретна, Пелистер се обидуваше да го запре налетот и да создаде шанса за израмнување.
Пелистер одигра солидна акција, следуваше недоразбирање во одраната и грешка на голманот Ангелети, по која Лука Булатовиќ начека еден отпадок и успеа да ја погоди празната мрежа на истрчаниот Анџелети, во 73. минута. По израмнувањето следуваа последните напори за гол за победа кај двете екипи, но се омина без посериозни прилики, за конечни 1:1, што е можеби најреално.
Пелистер сега има 20 бода, еден помалку од Тиквеш.










