Press "Enter" to skip to content

Нова победа во Битола на одбојкарките на Пелистер Волеј (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Фит Фан Волеј 3:0

(26:24; 25:15; 25:16)

Вечерва во Битола одбојкарките на Пелистер запишаа уште една убедлива победа во 16. коло од Првата одбојкарска лига на Македонија, со максимални 3:0 и нови три бода со што ја продолжуваат победничката серија.Пелистер Волеј ја совлада екипата на Фит Фан Волеј во убедлива, иако доцнењето на натореварот им донесе мала нервоза во начинот на загревање на тимот на домаќинот.Гостинките добро го одиграа првиот сет. По водството на Пелистер Волеј екипата на Фан Фит се врати во игра а на крај имаше и предост од 23:24, но не ја искористија меч топката. Одбојкарките на Пелистер одлично ги следеа советите на тренерите Митковски и Темелковски и со сигурни три по ред поени до добија првиот сет.Вториот и третиот сет само го потврдија квалитетот на Пелистер Волеј и го оправдаа епитетот фаворите и лесно дојдоа до победа. Вториот сет го завршија со 10 поени разлика 25:15, а третиот со 9 поени разлика 25:16.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »