Press "Enter" to skip to content

Никола Граховац: чест е да се игра против Барса, а мислиме и на Вардар

Еурофарм Пелистер од Битола утре ќе гостува кај тимот на Барселона, Шпанија, со што ќе го заврши настапот во Лигата на шампионите оваа сезона. По бодот против ПСЖ во Битола, сега „зелено-белите“ ги чека веројатно најтешкиот предизвик гостување кај лидерот во групата. 

Пред натпреварот со каталонскиот гигант своите очекувања ги сподели Никола Граховац.

-Тешко е да се припремате на Барселона, можеби најдобриот клуб во историјата на ракометот. На секој играч му е чест да игра против Барса, тоа е сон на секое момче кое ќе почне да игра ракомет. Дополнителна мотивација не треба, но треба да бидеме свесни дека в недела го играме најважниот натпревар во сезоната – против Вардар. Се спремаме за двата натпревари. Работиме секојдневно за да напредуваме. Последните два натпревари во Лигата на шампионите но донесоа многу добри работи. Екипата расте, добро работиме и нема за што да стравуваме, изјави хрватскиот кружен напаѓач.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »