Одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј од Битола денес прославува 15 години постоење, односно 15 години од формирањет на клубот, кога и официјално на 15 март 2011 година е донесен статутот на клубот, што значеше возобновување и продолжување на идејата за современ одбојкарски клуб.
-Од ентузијазам и идеја до реалност и гордост на Битола, Пелистер е клуб со бројни успеси и репрезентативни имиња како и интернационални засилувања, клуб кој се етаблира високо во нашиот град но и во државата, со што покажува континуитет и стабилност. Пелистер прерасна во клуб околу кој се обединија пред се Општина Битола, но и бројни фирми и стопанственици од нашиот град, што само ја отсликува нашата силна заложба за модерен клуб кој што е достоен репрезент на нашиот град, соопштија од Пелистер Волеј.
Јубилејно лого е дело на Васко Тромбев, човекот кој што е креатор и на основниот амблем
Од Пелистер Волеј упатуваат благодарност до сите нивни некогашни одбојкарки и членови на клубот кои биле дел од оваа прекрасна историја, благодарност и до нивните поддржувачи и спонзори.









