Press "Enter" to skip to content

Капино започна, Милан продолжи, Мане ќе заврши – Марјан Секуловски нов тренер на ФК Пелистер

Сезоната во Пелистер од Битола како тренер ја започна Димитар Капинковски, следуваше Милан  Стојановски, а ќе ја заврши Марјан Секуловски. 

Пелистер кој се наоѓа на 10. место на таблета и во опасната зона за испаѓање од Првата лига во девет кола кои преостануваат ќе ја води Марјан Секуловски, актуелен координатор на младинските школи на Пелистер.

Клубот со соопштение соопшти за новиот шеф на стручниот штаб во кое се вели:

-ФК Пелистер повикува на обединување во последните два месеци од сезоната за исполнување на клупските цели. Нашата идеја е сите структури во клубот и градот да пулсираат исто за на последните девет натпревари оваа сезона Пелистер биде оној вистинскиот.

-Затоа решението за излез од кризниот период го побаравме во нашите редови. Како и сите големи клубови се потпревме на оние кои најдобро знаат што е Пелистер, како се менаџира тежок период во клубот и кој е патот за излез од кризата. Марјан Секуловски од денес е нов тренер на Пелистер и ќе го води тимот до крајот на оваа сезона. Секуловски е дете на клубот, долги години играше и во водеше тимот, а својата професионала кариера го однесе во Победа, 11 Октомври, Новаци, Силекс, Македонија Ѓорче Петров, Брегалница, Мјанмар, Малдиви…“, се вели во соопштението на клубот од Битола.