Иако метеоролозите предвидуваа дека денешните утрински температури, на Божик, ќе бидат минусни и ќе ја преминат границата од -20 степени, за среќа на битолчани не дојде до такво ладно време, а наместо предводените -21, во Битола беше -12 степени целзиусови.
Најстудено беше во Берово со -14 степени.
Времето денеска ќе биде студено, претпладне со услови за слаб снег, ќе дува умерен до краткотрајно засилен северозападен ветер со максимални температури од -6 до 2 степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со максимални дневни температури под или околу нулата.





