Денес со Битола Пелистер денеска со почеток во 18.30 часот го пречекува Тиквеш во претпоследното коло од Супер-лигата, дуел на кој „зелено-белите“ ќе сторат се експресно да се вратат на победнички патеки по последниот пораз со ТФТ.
-Тиквеш е ривал против кого имаме одлична традиција, впрочем Пелистер на последните седум дуели со ривалот од Кавадарци има исто толку победи, а во првиот дел од сезонава на гостински терен го совладавме со убедливи 76:99. Тоа не значи дека вечерва ќе биде лесно, до триумф може да се стигне само со максимално залагање во текот на сите 40 минути., истакнуваат од клубот.
-Тиквеш е квалитетен противник кој игра во особено добра форма на последните натпревари. Она што треба да сториме е да одиграме агресивна одбрана и да го контролираме дефанзивниот скок. Верувам дека во нападот поседуваме квалитет за да ја завршиме работата, но важно ќе биде да бидеме на висина на задачата и во одбраната, вели Андреј Митревски, македонскиот репрезентативец во редовите на Пелистер.










