Press "Enter" to skip to content

Велигден во црквата “Успение на Пресвета Богородица“ во Колумбос, Охајо – САД (фото)

Македонската православна катедрална црква “Успение на Пресвета Богородица“ е лоцирана во гратчето Рејнолдсбург во Колумбос Охио, САД, каде живеа најголем број доселеници од Битола и битолско и преспанскиот крај.Во црквата се прославуваат сите верски празници и се одржуваат настани во духот на македонската традиција. И оваа година со повеќе настани се одбележа големиот верски празник Велигден, а празнувањата започнаа со велигденсите пости. Секако највечени беа деновите Велики Четврток и Велики Петок се до Воскресението Христово, а во црквата на полноќ кога свештеникот ја кажа најрадосната вест за Православните Христијани имаше голем број верници.Во оваа црква се празнуваат и сите останати македонски државни празници, а за денот на независноста на Македонија подготвуваме и се одржува фестивал кој трае три дена каде наши гости се Македонци од сите краеви на САД и Канада, а има присутни и голем број Американци кои ја сакаат нашата македонска кујна и музика.Инаку, оваа црква е една од постарите цркви во Америка и минатата година прослави 60 години од нејзиното постоење. По тој повод гостин беше и Господин Господин Стефан со неговите соработници.Старата православна црква била запалена, но опстојува и денес, сепак македонскиот народ ја изградил оваа црква која година ќе слави 20 години од осветувањето.Во црквата службен јазик е македонскиот јазик, службите се воглано на македонски, но има и дел а англиски јазик.  Во рамките на објектот на црквата работи и македонско училиште еднаш во неделата и децата ја учат македонската азбука со учителки кои влужуваат труд околу учењето на нашиот јазик, со една цел децата да читаат и пишуваат на македонски и што подобро да го зборуваат македонскиот јазик.

Во црквата имаме и играорна група која изучува македонски ора и танци, секако облечени во македонска носија. Во црквата опстојува и женска секција каде се приготвуваат македонски традиционални јадења. Или со неколку зборови кажано, се учи и шири македонскста традиција преку јазикот, орото и храната.

Да нагласам дека во овој град опстојуваат околу 500 и повеќе семејства од цела Македонија но најмногубројни се доселениците од битолскиот и преспанскиот регион.

Од Охајо пишува М-р Лидија Настевска, по потекло од Битола

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »