Press "Enter" to skip to content

“Премин 26“ во Битола – испреплетување на звукот, светлината и тишината (видео + фотогалерија)

Вечерва на големата сцена на Народниот театар Битола се одржа “Премин 26“ здружен проект на Културен и информативен центар Битола со НУ Народен театар Битола, НУ Центар за култура, со поддршка на Општина Битола и и манифестира организациски и продукциски капацитети на културните установи во Битола.-“Проект 26“  ја избриша границата меѓу жанровите. Звукот, светлината и тишината се испреплетуваа во искуство што не се слуша само со уши, туку се прима со срце, рекоа организаторите на настанот.“Проект 26“ е музички проект на Оливер Јосифовски, а  вечерва како учесници настапија Оливер Јосифовски, Вера Милошевска и  Димитар Андоновски.Вера Милошевска ги позрави присутните меѓу кои градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, ректорот на УКЛО – проф. д-р Игор Неделковски, директорот на КИЦ на Македонија во Софија – Зоран Пејковски…, и рече:

-Посебно ми е мило што сум вечерва во Битола на овој прекрасен празник Велигден, и ќе испееме нови песни испеани за Велигден, и нови песни во нови аражмани.Покрај нив настапи и православниот хор “Св. Ангел Битолски“, Давор Јордановски, Михајло Михајловски, Христијан Јаневски, Андреј Трајковски, Александар Секуловски и Ристо Крстевски.

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »