РК Еурофарм Пелистер од Битола ја официјализира оставката на тренерот Стевче Алушеoски кој си поднесе оставка по елиминацијата од Купот на Македонија, викендов во Струмица. Екипата на Еурофарм Пелистер до крајот на сезоната, во која “пелистерци“ остануваат без трофеј, а ќе ги води привремен тренер, а тоа ќе биде Алексо Лембанов.
Еурофарм Пелистер на стартот на оваа сезона влезе со амбиции за освојување на сите домашни пехари, но за жал спротивно на тоа остана без титула, а и без финале во Купот на Македонија, а тоа и е причина за оставката на Алушевски, која раководството му ја прифати и му посака среќа во иднина.
–РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека по поразот во полуфиналето на Купот на Македонија во Струмица, тренерот на екипата Стевче Алушовски поднесе оставка од својата позиција. Клубот ја прифати и му се заблагодари на Алушовски за професионалната работа. До крајот на сезоната екипата ќе ја води асистентот на Алушовски, Алексо Лембанов, стои во официјализацијата на оставката од страна на клубот.










