Пелистер има „два од два“ од почетокот на плејофот, серија што “зелено-белите“ ќе сторат се да продолжи и на наредниот дуел што го играме на домашен терен во Битола (сала „Боро Чурлевски, утре, петок со почеток во 19 часот).
Дуелот се игра два дена подоцна од останатите поради учеството на ТФТ во финалето од АБА2 лигата, а добрата форма на противникот е само мотив плус за избраниците на тренерот Даскаловски да продолжат со добрите партии токму во пресрет на клучниот дел од сезоната.
Билетите по цена од 150 денари ќе можат да се набават во „Зикс“ и на билетарницата во салата „Боро Чурлевски“.
-Ветуваме борба и максимално залагање од првата до последните минута, се надеваме на победа и заедничко славје на крајот, порачуваат од Пелистер.










