-Битола ќе биде регионален центар на кошарката, а ќе учествуваат над 350 учесници на 14. Меѓународен Кошаркарски Турнир во организација на КК Младост.
На 25 и 26 април 2026година, градот Битола ќе биде домаќин на 14. издание на Меѓународниот Велигденски Кошаркарски Турнир, во организација на Кошаркарскиот клуб Младост – клуб со децениска традиција и посветеност кон развој на младинскиот спорт.
Овој значаен спортски настан обединува екипи и ентузијасти од Македонија, Србија и Грција, со учество на деца од 4 до 16 години. Во текот на викендот, се очекува повеќе од 350 учесници, тренери и гости да поминат низ Битола, со што настанот има и значајно културно и туристичко влијание.
КК Младост, како клуб со долга историjа и активна улога во спортската едукација на младите, уште еднаш докажува дека преку спорт се гради заедништво, вредности и трајни пријателства.
Претседателот на клубот, Горјан Стојановски, истакна:
0Овој турнир не е само натпреварување, туку празник на спортот, дружењето и заедништвото. Годинава имаме околу 20 екипи, и сме особено горди што Битола станува препознатлива на кошаркарската мапа на Балканот. Ви благодариме на сите клубови за довербата и учеството.“
Натпреварите ќе се играат во повеќе спортски сали низ Битола: Гимназија „ЈБ Тито“, СОЕУ „Јане Сандански“ и Медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“.
Отворањето на турнирот е закажано за 26 аптил (сабота) во 17:30 часот, во Медицинското училиште „Д-р Јован Калаузи“.










