Press "Enter" to skip to content

Никола Митревски, најдобриот македонски голман останува дома, нов договор со Еурофарм Пелистер

Македонскиот ракометен репрезентативец, Никола Митревски нема да менува средина летово и останува верен на својот матичен клуб Еурофарм Пелистер од Битола со нов договор кој ќе има важност од една година, но истиот може да биде продолжена за уште една година.

-Некои вредности се поважни од секоја победа и секоја титула. Затоа нашата одлука е недвосмиолена – да ги задржиме тие вредности во клубот. Ни претставува задоволство што најдобриот македонски голман и во иднина ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Никола Митревски се обврза на нов договор за сезоната 2026/27 со својот матичен клуб, со опција за продолжување и за сезоната 2027/28. Митревски е роден победник, дете на клубот, човек кој се изгради и како личност и како професионален со преку две децении врвен ракомет. Освојуваше титули каде и да настапуваше, но задоволството е уште поголемо кога заеднички се радуваме на трофеи во Битола. Така ќе биде и во иднина, се вели во објавата на клубот.

Митревски е столб на репрезентацијата на Македонија, а пред да се врати во битолскиот клуб настапуваше и за Вардар, Металург, Констанца, Бенфика и Порто.

More from ВестиMore posts in Вести »