Press "Enter" to skip to content

Билјард клубот Конзули од Битола победник во “А“ и “Б“ лигите, Христо Василевски и Димитар Јованоски прваци

Деновиве се одржаа мастерс турнирите како дел од Државното првенство во билјард, на кои учество зедоа најдобрите играчи од “А“ и “Б“ лига според сезонскиот пласман. Конзули од Битола имаше свои претставници во двете конкуренции и оствари максимален успех. На овој мастерс турнир, Конзул  настапи со своите најдобри играчи: во “А“ дивизијата со Христо Василевски и Златко Ицаноски, а додека во  “Б“ дивизијата со  Димитар Јованоски, Мартин Муловски, Горан Василевски, Никола Стојановски, Игор Димовски и Албен Алија.Во “А“ лига, првото место го освои Христо Василевски, кој со своето искуство, сигурност и константна игра уште еднаш покажа зошто е во самиот врв на македонскиот билјард.Во “Б“ лига, победник е Димитар Јованоски, кој го освои првото место во конкуренција од вкупно 83 пријавени играчи, што го прави овој успех уште повреден. За него ова е прв трофеј на државно ниво и голема потврда за неговиот потенцијал. Мартин Муловски го освои 5-тото место, што во ваква силна конкуренција претставува одличен резултат.-Со овие резултати, Конзули ги освои двете мастерс титули во рамки на државното првенство, потврдувајќи го квалитетот, работата и континуитетот на клубот. Со гордост можеме да кажеме дека Конзули веќе е водечки клуб во Македонија – како по резултати, така и по организација. Ова е само почеток, а ние продолжуваме уште посилно, попосветено и со уште поголеми цели во иднина, рекоа од клубот. 

More from ВестиMore posts in Вести »