Еурофарм Пелистер – Тиквеш 44:23 (22:13)
Новиот тренер на Еурофарм Пелистер, Алексо Лембанов, во Битола на свој терен дебитираше со победа против Тиквеш и извојуваа триумф со 44:23, полувреме 22:13. Со оваа победа битолчани останаа во трката за второто место.
Тиквеш парираше само во првите пет минути потоа “пелистерци“ заминаа на +7. Во тимот го немаше Кузмановски, Хосни и Манасков, а “младите сили“ на одмор заминаа со +9. Во вториот дел се разигра Калајџиовски, Хакбарт постигна неколку гола, а меѓу стрелците се запишаа и Ристевски и Граховац. Финалните +19 откриваат колку е голема разликата во квалитет меѓу двете екипи.
Петар Атанасијевиќ со единаесет гола најефикасен кај домаќините.









