Press "Enter" to skip to content

Пелистер ја победи Брера и освои три бода важни за опстанок

Брера – Пелистер 0:1 (0:1)

Фудбалерите на Пелистер од Битола денес забележаа многу важна победа на гостувањето во Струмица, го победија тимот на Брера Струмица со резултат 0:1, во натпреварот од 29. коло на Првата македонска фудбалска лига.

Уште на стартот на средбата, во 4. минута “пелистерци“ беше досуден пенал за Пелистер по играњето со рака на Велкоски. Капитенот Мирко Ивановски погоди за 0:1. И тимот на Брера пред полувремето имаше пенал во своја корист во 34. минута. Голманот Андреј Јовчевски го одбрани ударот на Филип Михаилов.

Во вториот дел се играше главно на средината од теренот, а Брера се обидуваше да се врати во натпреварот, но Пелистер се одбрани и на стротивната страна имаа неколку обиди да дојдат до гол.

Со оваа победа Пелистер останува на 32 бода и на деветото место кое води до бараж, а во следното коло гостува кај Работнички, кое и на десеттото место со 28 бода.

More from ВестиMore posts in Вести »