Работнички – Пелистер 3:3 (2:1)
Фудбалерите на Пелистер под Битола освоија голем бод на гостувањето во Скопје, на екипата на Работнички ремизираше со конечни 3:3, полувреме 2:1 во натпреварот од 30. коло во Првата македонска лига.
Првото полувреме започна и продолжи со многу возбудувања и три гола. Работнички бргу поведе со 1:0 преку Сухељ Мухарем во 4. минута. “Пелистерци“ успеаја да израмнат во 9. минута, погоди Лука Булатовиќ за 1:1. Работнички потоа дојде до пенал, прецизен реализатор беше Бесир Демири за 2:1 и со тој резултат се отиде на одмор.
Стартот на вториот дел беше во знак на “романтичарите“, а со голот на Дитмир Хоџа во 55. минута резултатот беше 3:1. Петковски намали на 3:2 во 72. минута. Во 86. минута ВАР-собата не досуди пенал за Пелистер по што следуваше офанзива и обид за израмнување. Во 92. минута Ивановски ги постави конечните 3:3.
Пелистер сега има 33 бода, додека Работнички стигна до 29 бодови на своето салдо, но останува на претпоследната позиција на табелата. Во следното коло Пелистер ќе го пречека Шкупи.











