Пелистер Волеј – Наковски Волеј 1:3
Во финалето Пелистер Волеј од Битола се поразени во Скопје во салата “Форца“ во финалето од екипата на Наковски Волеј со 1:3.
Кадетките на Пелистер волеј одиграа интересен прв сет кој што го доби екипата на Наковски Волеј и супер драматичен втор сет во кој испуштија предност од 15:10 со што противникот ја зголеми предноста на 2:0. Во третиот сет Пелистер започна лошо и кога сите помислија дека за брзо ќе биде 3:0, по двата тајмаути на клупата, екипата на Пелистер покажа дека неслучајно се најде во ова финале и го доби третиот сет со голем пресврт. Мечот продолжи во четврт сет и повторно струмичката екипа тргна со високо водство. Нашите одбојкарки по втор пат се обидоа да го возвратат ударот и го донесоа сетот во неизвесност за ова финале да го одведат во петти одлучувачки сет.
-На крајот очигледно беше дека недостига физичка сила од овие два исцрпувачки натпревари. Сепак овој сребрен медал за оваа генерација на одбојкарки како и за нашиот клуб е потврда за континуираниот успех на повеќе од 11 последователни генерации кои се закитиле со најмалку еден медал во една од младинските државни лиги на Македонија, рекоа од Пелистер Волеј и додаваат:
-Пелистер Волеј потврдува дека е непресушен извор на одбојкарки кои потекнуваат од школата, клуб кој има силна иднина, цврсто веруваше и верува во својата изворна сила, во своите млади одбојкарки. 11 години во континуитет (2015-2026), 14 последователна генерација (одбојкарки родени од 1998 до 2011) која освојува медал во дресот на Пелистер Волеј, е силен доказ дека клубот одвојува пред се огромни човечки па и финансиски ресурси и непрестајно вложува во своите најмлади.
Пред финалето Пелистер Волеј на завршниот турнир Ф4, во полуфиналето беше поуспешна од екипата на Газели Волеј од Скопје, совладувајќи ја со резултат 2:1 во супер драматичен натпревар со многубројни пресврти.










