Еурофарм Пелистер 2 – Куманово 27:25 (11:7)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во Битола ја победија екипата на Струга со резултат 27:25 во драматичен натпревар од 8 коло во суперлигашкиот плеј-оф, победникот беше решен во финишот на натпреварот.
Двете екипи во текот на мечот се менуваа во водството, “пелистерци“ имаа +4 во првиот дел, 11.7, но набрзина ја загубија предноста, а Куманово водеше во средината на второто полувреме со два гола, но и тоа кратко траеше. Во финишот црвени картони добија Цековски од Куманово и Митревски од Еурофарм Пелистер 2 поради остри стартови, но тоа не го промени односот на силите.
Битолчани заслужено се радуваа на победата, беше нерешено 25:25 на три минути до крајот и најава за неизвесна завршница, домаќините погодија преку Бен Махфуд и Mитревски, гостите не ги реализираа своите шанси и бодовите останаа во Битола.
Најдобри стрелци кај Еурофарм Пелистер 2 со девет Бен Махфуд и Митревски со шест гола.
Еурофарм Пелистер 2 има 29 бода и се наоѓа на второто место на табелата во плеј-аутот.









