Press "Enter" to skip to content

Пелистер преку “мајсторка“ до финале, МЗТ не е непобедлив, среда одлука

Пелистер со извонредна партија на вториот натпевар во Битола го совлада МЗТ Скопје и се избори за мајсторка во оваа полуфинална серија од плејофот. Решавачкиот дуел ќе се игра в среда со почеток во 19 часот на теренот на противникот, сала што битолчани ја освоија пред околу еден месец.

На двата натпревари во полуфиналето Пелистер доминираше во долги периоди од натпреварот и на крајот заслужено стигна до победата. Два меча во кои „зелено-белите“ покажаа дека тимот што доминира повеќе од една деценија во мак-баскетот веќе не делува така непобедливо како во минатото.

Пелистер дефинитивно најде начин како да игра и да го победува МЗТ, но тоа ќе мора да го повтори уште еднаш, во мајсторката од ова полуфинале в среда. Се е отворено, а со игра како онаа вчера „зелено-белите“ со право се надеваат на билет за големото финале.

More from СпортMore posts in Спорт »