Press "Enter" to skip to content

Пелистер со реми во Кавадарци, на коло пред крајот познато, ќе играм бараж за опстанок

Тиквеш – Пелистер 2:2 (2:0)

Екипата на Пелистер од Битола ремизира против Тиквеш во Кавадарци со конечни 2:2, полувреме 2:0 во претпоследното коло од македонската Прва лига. Битолчани не успеаја да победат, а сега на едно коло ред крајот јасно е дека одат во баражот да обезбедат бараж.

На отворањето на натпреаварот Пелистер започна добро и создаде неколку добри прилики, беше на работ на шеснаесетникот, нафрлуваше опасно, а првата шанса ја имаше Стефан Спировски. Тиквеш заигра подобро и постигна гол во 29. минута преку Кристијан Ацковски. Тиквеш имаше пенал во  39. минута која го претвори во гол Н’Фанли Сила за 2:0. 

Во второто полувреме Пелистер се врати сериозно во натпреварот, и следуваше поништен погодок на Керим. Мирко Ивановски погоди за 2:1 во 73. минута, а потоа истото го стори во 76 минута по одличниот центаршут на Керим. “Пелистерци“  имаше шанса за трет гол, а тоа и се случи, но беше веднаш поништен од судијата Јован Качевски поради оф- сајд. Последната шанса ја имаше Ивановски во 85. минута, за заслужена победа.

Пелистер сега има 37 бода и во последното коло ќе игра со Башкими, но и математички оди во бараж за опстанок во Првата лига.

More from ВестиMore posts in Вести »