Тимот на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ од Битола односно здружението за потикнување и промоција на спортот, спортскиот туризам и здравиот начин на живот “PELXTR – Pelister Xtreme Trail Running“ од Битола, кое е член на “ITRA“ работи на организација детската “Trailko“ трка, којае единствена во Македонија.
Патеката на која ќе се одржи детската трка ќе има должина од 100 до 600 метри според возраста, а ќе се одржи кај летно-зимскиот центар Ниже Поле, со кој стопанисува ЈП “Стрежево“.

-Најмладите наши сограѓани, во рамките на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ неклку години наназад имаат ретка прилика да се натпреваруваат во класична планинска трка, која ќе се одржи на 14 јуни кај центарот Ниже Поле. Ќе има три трки за деца од различно возрасти. Ќе им ги обезбедиме сите услови да ја почувствуваат убавината на трчањето во природни услови и нерамен терен. Котизацијата е 750 денари, а пријавените добиваат маичка и ранче, стартен број, уникатен медал на крајот на трката за сите учесници. Секако ќе имаме и музичка анимација, уникатна атмосфера и дружење, игри за деца и обезбеден превоз од Битола и назад со автобуси. Евент водител ќе биде Марко Новевски, вели Ненад Лазиќ директор на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“.
Уникатни награди за најбрзите 3 во нивните категории пехар, спортски ранец, шише за вода, диплома, биодерма и вагето пакети, ваучери и бесплатно учество на идната трка. Плус ќе има наградна игра од “Weleda“ и ќе добиваат пакетчиња со нивните производи.

Со неколку збора кажани пријавените за котизација ќе добиаат повеќе од вредноста.
Инаку, на 13 јуни поцнуваме со планински трки “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ по 5-ти пат јубилејно, а ќе се трча на 42 км, 21 км и 9 км.
Трката на 9 километри е за битолските тркачи и спортски тимови, рекративци и сите кои сакаат да поминат еден прекрасен ден на планина.
Исто како и за “Траилко“ пријавувањето е до 6 јуни.
Сите информации можат да најдат на веб страница на “PELXTR – Pelister Xtreme Trail Running““
Дојдете на планина, дојдете на “PELXTR – Pelister Xtreme Trail Running“, додјете на “Траилко“, ве очекува целосен викенд е за спорт, забава, дружба. Сите пријавени во сабота ќе добијат точено “Бак“ пиво, а потоа и топол оброк од “LL GOURMET kejtering“ од Прилеп. За музичкиот дел ќе се погрижи DJ SVABA.












