Press "Enter" to skip to content

Уште две светски сребра доаѓаат во Битола – од Австрија ги носат Стефанија и Андреа (фото)

По вчерашните убави вести од Австрија, од градот Тирол, каде се одржува Светското првенество У-23 вечерва повторно идентични вести. Повторно сребрени медали од Светското првенство во Австрија, овој пат во дисциплината “ТАНДЕМ жени“.Битолските чупиња Стефанија Алексовска и Андреа Велјановска денес се надминаа самите и изиграа во клучни мигови врвно, вистински врвно со исклучителна ментална моќ да одолеат на притисокот, токму она што ни фалеше минатите години.-Добиените дуели со најдобрите кугларки од Хрватска, Полска во втора фаза, Чешка во 1/4 финале, Романија во 1/2 финале, говорат многу, а во финалето против Словачка немавме сили да бидеме и први. Не само што сум горд туку дефинитивно со овој спортски подвиг напишавме историја. Честитки и пак ќе речам Светското трае до утре, не е завршено, ни рече по вибер комуникација Игор Михајловски, селектор на македонската женска селекција до 23 години.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »