Пелистер – Шкендија 1:1 (5:6 на пенали)
Пелистер по тешката сезона испадна од Првата лига, во бараж натпреварот за опстанок е поразен од тимот на Шкендија од Арачиново, на пенали, откако натпреварот во регуларниот дел заврши 1:1, а голот за израмнување го постигна во судуското продолжување, во 97 мунута.
Првото полувреме заврши без голови (0:0), а Пелистер имаше шанса за гол преку капитенот Ивановски кој биеше покрај голот, а Шкедија погодо статива.
Во второто полувреме тимот од Арачиново прв поведе со погодокот на Назифи, кој одлично се снајде по еден контранапад и го матираше голманот на битолчани, одлично погоди од лева страна.
Пелистер иамше прилика да израмни по досудениот пенал, но Ивановски прво не успеа да го совлада гостинскиот голман од 11 метри, а одбиената топка ја префрли над голот. Следуваше иницијатива на Пелистер, неколку шанси, удар во пречка… Судиското време од +8 минути “пелистерци“ го оскористија за реми, а погоди за 1:1 во 97. минута Петковски, на одлично додавање на Спировски во шеснаесетникот.
Во пенал рулетот дури во четвртата серија промаши Пелистер и беше реми по пет пенали. Се продолжи серија од по еден пенал до победа, а во последната серија гол за гол за Пелистер промаши Петковски, а за “арачиновци“ погоди Дервиши и ја одведе Шкендија во Првата лига.










