Press "Enter" to skip to content

Репрезентативката Леа Бошевска со златен медал и титула најдобар борец во сениорска конкуренција Балканското првенство во Нови Сад

-Покрај Леа Бошевска злато освои и Мила Мартинез Крстиновска, а Дамјана Пеовска освои сребро, сите натпреварувачки на КБК Самурај од Битола.

На Вако, Балканското првенство во Кик бокс, кое се одржа во Нови Сад – Србија, во состав на Македонската мау таи кик бокс репрезентација учествуваа и три натпреварувачки во сениорска конкуренција, членки на кик бокс клубот Самурај од Битола кои освоија два златни и еден сребрен медал за Националниот тим.

Леа Бошевска во категорија сениори до 50 кг. во дисциплината Кик лајт, во полуфинале со целосна доминација во сите три рунди ја победи бугарската репрезентативка Марија Јанева, со што обезбеди пласман за во финале. Финалната борба предизвика вистинска атракција, бидејќи за противничка ја имаше српската репрезентативка Лидија Абазовски, во која борба Леа беше апсолутно надмоќна што доведе до прекин во третата рунда.

Со тоа Леа Бошевска како член на Македонската кик бокс мау таи репрезентација стана Балкански првак, а воедно беше прогласена и за најдобар борец во сениорска конкуренција за што доби посебно признание, пехар со посебна посвета. 

Мила Мартинез Крстиновска во финале во категорија до 60 кг. ги вкрсти ракавиците со Горјана Николоска, исто така од нашиот национален тим, при што со прекин ја доби борбата, и освои златен медал.

Претходно Дамјана Пеовска, во дисциплината кик лајт сениори до 70 кг. при тешка борба загуби во финале од натпреварувачката од Србија Јелена Седоглавиќ, при што освои сребрен медал.

 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »