Press "Enter" to skip to content

Викторија Коцева – девојката која тивко го освојува вниманието

Македонската музичка сцена добива уште едно ново име. Станува збор за младата Викторија Коцева, која денес ја објави својата прва авторска песна и видео запис со наслов „Тој ми треба“.Иако за пошироката публика можеби е ново лице, Викторија веќе неколку години е дел од кабаретскиот ансамбл на Gold Felicia, каде стекнува значително сценско искуство преку бројни настапи пред публика.

Нејзината приказна започнува преку танцот. Таа има завршено модерен танц во класата на Рисима Рисимкин, по што професионално се занимава со танцување. Со текот на времето, љубовта кон музиката и желбата за сценски израз ја насочуваат и кон пеењето.

Пред еден месец Коцева потпиша професионален договор со продукциската куќа 77 Entertainment, која ќе биде задолжена за нејзиниот понатамошен музички развој.

Како прв официјален проект доаѓа песната „Тој ми треба“, зад која стојат добро познати музички имиња. Музиката, аранжманот и продукцијата се дело на Димитар Андоновски, додека текстот го потпишува Маја Андоновска Илиевски.

Паралелно со песната е објавен и професионален видео запис во продукција на 77 Entertainment. Концептот го потпишуваат Андреј Папаз и Бобан Русески, камерата и монтажата се дело на Никола Марковски, а колор корекцијата ја изработи Стефан Ѓорѓиевски.

Од продукцијата велат дека „Тој ми треба“ е првиот чекор од музичкиот пат на Викторија Коцева и проект со кој таа за првпат се претставува пред пошироката јавност како самостоен музички изведувач.

Дали Викторија Коцева е новото име кое ќе се наметне на домашната музичка сцена? Одговорот од денес е препуштен на публиката, која веќе има можност да ја слушне нејзината прва песна и да го погледне видео записот за „Тој ми треба“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ЗабаваMore posts in Забава »