ЈП хидро систем “Стрежево“ Битола иннформира дека на 8 јуни официјално започнува сезоната за наводнување на земјоделските површини.
-Во тек е полнењето на цевководната мрежа и подготовката на системот за непречено и навремено снабдување со вода. Ги повикуваме граѓаните кои имаат потреба од наводнување навремено да ги пријават површините што ќе ги користат и да склучат договори за наводнување, со цел ефикасно планирање и организирање на распределбата на водата. Навременото пријавување и склучување на договорите ќе придонесат за подобра координација на системот и поквалитетна услуга за сите корисници.
Ви посакуваме успешна, плодна и родна земјоделска сезона, ХС “Стрежево“






