Денес, сабота, 6 јуни, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне услови за нестабилна облачност со пороен дожд. Температурата во Битола до 29 степени.
Утре, недела, 7 јуни, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град. Температурата во Битола до 29 степени.






