Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и топло, температурата до 30 степени

Денес, недела, 7 јуни, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Битола температурата до 30 степени.

Утре, понеделник, 8 јуни, во Битола времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со град. Ќе дува слаб до умерен северeн ветер. Во Битола температурата до 28 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »