Во Новаци свечено беше отворен 14. по ред меморијален турнир во мал фудбал “Пеце Матичевски“, спортска манифестација која веќе традиционално ги обединува љубителите на спортот, дружењето и фер-плејот.
На свеченото отворање присутни беа членови на семејството на загинатиот бранител Пеце Матичевски, а турнирот го отвори градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски, кој нагласи:
-Овој турнир претставува повеќе од спортски настан, тој е симбол на почит и сеќавање на прерано загинатиот војник Пеце Матичевски. Преку спортот го чуваме споменот на човек кој остави значаен белег во нашата Македонија. Им посакувам успешни натпревари на сите учесници, фер и спортска игра, а на посетителите пријатни моменти исполнети со позитивна енергија и навивање.
Претходно, по повод одбележувањето на 25-годишнината од загинувањето на бранителите Влатко Миленковски, Пеце Матичевски и Благојче Силјановски, беше оддадена почит на нивната жртва и херојствома гробиштата во Новаци каде е вечниот дом на Матичевски, и кај споменикот „Ангел“ кај Саат-кулата во Битола и споменикот кај Касарната изградени во нивна чест и спомен.

Во Новаци започна 14. еморијален турнир во мал фудбал “Пеце Матичевски“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Се одржа општинскиот натпревар во стрелаштво (фото)
- Пелистер со реми против Кожув во Гевгелија
- Самостојна изложба на Дијана Колонџоска од Битола – “Сонувани хоризонти“ (фотогалерија)
- Граѓани платиле за паркинг кога беше бесплатно, “Паркинзи“ парите ќе ги насочи за хуманитарни цели
- СВР Битола: 53 годишник од Мусинци возел трактор со 2.92 промили алкохол и без возачка, битолаченец “ауди“ со 1.60 промили алкохол во крвта
More from СпортMore posts in Спорт »
- Се одржа општинскиот натпревар во стрелаштво (фото)
- Пелистер со реми против Кожув во Гевгелија
- КК Пелистер ги отвора вратите за основците и средношколците
- Влатко Трајчески победник на традиционалниот кугларски турнир во Битола
- 68. по ред ноќна атлетска трка по Широк Сокак во Битола со повеќе од 600 учесници (мега фотогалерија)








