Општина Битола објавува јавен повик за обезбедување услуги за рехабилитација и поддршка на лица со попреченост преку здруженија на граѓани.
Предмет на овој јавен повик е прибирање понуди од здруженија на граѓани (ЗГ) за обезбедување на следните услуги: логопедски услуги, психо-социјална поддршка, рехабилитациони услуги, едукативни семинари за родителство и грижа и обуки за правата на децата и лицата со попреченост.
Активностите се насочени кон подобрување на квалитетот на животот и социјалната вклученост на лицата со попреченост и нивните семејства. Подобрување на општата социјална состојба на лицата со попреченост преку услуги обезбедени од здруженија на граѓани, во партнерство со Општина Битола.
Проектите ќе бидат поддржани со средства од Буџетот на Општина Битола за 2026 година согласно Програмата за социјална заштита на Општина Битола за 2026 година.
Документацијата се доставува во архива или по пошта во рок од 10 работни дена од денот на објавување на овој повик заклучно со 19.06.2026.
Повеќе информации на линкот:
https://www.bitola.gov.mk/lica






