Press "Enter" to skip to content

Mеѓународна научна конференција „Академски и консултантски предизвици за обезбедување организациска виталност“ организира Бизнис академија Смилевски – БАС во Битола

Бизнис академија Смилевски – БАС во Битола одржа меѓународна научна конференција посветена на современите менаџерски предизвици и организациските науки, оваа година со тематски фокус „Академски и консултантски предизвици за обезбедување организациска виталност“.На свеченото отворање се обратија проф. д-р Цветко Смилевски, претседател на Програмскиот одбор на конференцијата, проф. д-р Гордана Тасевска, директор на БАС, и доц. д-р Сања Гонгета, претставник на соорганизаторот – Универзитетот за применети науки „Лавослав Ружичка“ од Вуковар, Република Хрватска.Во пленарниот дел свои пленарни излагања одржаа:  проф. д-р Цветко Смилевски,  м-р Јордан Трајков, извршен директор на ВВ „Попова Кула“ АД Демир Капија и доц. д-р Сања Гонгета.Во рамките на четирите тематски секции беа презентирани научни и стручни трудови од автори од Македонија, Србија, Хрватска и други земји од регионот. Презентираните истражувања отворија бројни дискусии за современите менаџерски практики, организациската виталност, лидерството, човечките ресурси, одржливоста и дигиталната трансформација.Конференцијата уште еднаш ја потврди својата улога како значајна платформа за научна соработка, размена на знаења и градење професионални партнерства помеѓу високообразовните институции, стопанството и експертската јавност.Со успешната реализација на деветтото издание, БАС продолжува да ја остварува својата мисија за поттикнување на научноистражувачката дејност и за поврзување на теоријата со практиката, придонесувајќи кон развојот на современи, одржливи и витални организации и создавајќи простор за нови научни сознанија, соработка и професионален развој.

More from ВестиMore posts in Вести »