Press "Enter" to skip to content

Уште два дена зимски распуст за учениците поради енормно загадениот воздух

Владата одлучи да го продолжи распустот за учениците од основно и средно образование за два дена, поради зголеменото загадување на воздухот во Битола, Струмица, Тетово и Скопје.

Второто полугодие место од утре, ќе почне в среда, 23 јануари.

Владата соопшти дека оваа одлука е донесена денес преку итна координација на министерствата за образование, животна средина и здравство со која се продолжува зимскиот распуст за сите јавни и приватни основни и средни училишта.

-Поради континуирано зголемените концентрации на загадувачки честички во воздухот во повеќе градови во Република Македонија, како и метеоролошките прогнози за следните денови, покрај серијата мерки со кои се веќе задолжени надлежните министерства, во функција на заштита на здравјето на децата и во функција на скратување на времето на изложеност на загадениот надворешен воздух, Владата донесе итна мерка за продолжување на траењето на зимскиот распуст. Зимскиот распуст за сите ученици ќе се продолжи за два дена заклучно со вторник, 22 јануари 2019, соопшти Владата.