Денес, недела, 14 јуни, во Битола, според прогнозире на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Температурата во Битола до 28 степени.
Утре, понеделник, 15 јуни, во Битола, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 31 степен.






