Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: двајца битолчани, по пожар во куќа, во Кичево, завршија во болница

На 19.01.2019 година околу 09.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на улица „Влашки пат” во Кичево, во куќата сопственост на Х.М. (63) избувнал пожар.

При пожарот во Кичево со повреди се здобиле Е.М. (27) и Р.М. (68) од Битола.

На Е.М. и Р.М. им била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Кичево.

Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица, а увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.