Press "Enter" to skip to content

Втора годишна изложба на младите уметници од студиото “Каранфилова Арт“ (фото)

Само две години по основањето на студиото “Каранфилова Арт“ од Битола заедно со галерија „Ранко Струмениковски“ ја организира втората годишна изложба на младите уметници од 5 до 18 години.Изложбата привлече голем интерес и беше посетена од повеќе од 100 посетители на денот на отворањето. Годинава имаше повеќе од двојно побројни од минатата, изложени се околу 150 дела од 22 учесници, од кои дел се фотокопии од оригинали испратени на интернационални детски ликовни конкурси.-Зедовме учество на 10 конкурси во Америка, Португалија, Франција, Германија, Чешка, Бугарија, Србија и Македонија, а како резултат се стекнавме со повеќе од 100 награди и сертификати меѓу кои и неколку први места, рече Ангела Каранфилова од “Каранфилова Арт“.Д-р Драган Ристевски за изложбата рече дека изложбата беше една од најпостените во градот, со повеќе од 200 присутни љубители на детската уметност на отворањето.На отворањето на изложбата со Гран при се стекнаа Теодор Ивановски и Маја Василевски. Златни медали беа доделени на Ивана Петрова и Лили Маруши. Сребрени на Бисера Христовска и Марија Петковска. Бронзени на Стефани Талевска и Теона Велјановска. Пофалници добија и останатите учесници на изложбата: Емилија Гроздановска, Исидора Ристевска, Марко Трифуновски, Михаил Марковски, Љубица Андонова, Костантина Андонова, Миа Илијева, Сара Илијева, Мелани Јанкуловска, Марија Димовска, Атанасија Божиновска, Ева Крстеска, Лука Крстески, Ана Кезуновска и Анастасија Стефановска.-Целта ми е да продолжиме да растеме и да мотивираме сè повеќе деца да ја откријат уметноста како начин на изразување. Секое дете има свој потенцијал — нашата улога е да му помогнеме да го открие, рече Ангела Каранфилова.

Овогодинешното жири беше во состав Александар Поповски и Весна Дунимаглоска. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »