Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: опожарена пилана кај Сточниот пазар

Во Битола се случи пожар на објект, пилана, кај Сточниот пазар, во која настаната материјална штета, а во билтенот на МВР стои:

На 19.01.2019 година во 16.05 часот во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар на булевар “1-ви Мај“ во Битола во објект-пилана, сопственост на приватна фирма.

Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема.

Увид извршила екипа од СВР Битола.